Почнува првиот Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворен првиот Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата.
Фестивалот ќе трае до 11 декември, а во фокусот ќе бидат четворица врвни поети од земјава и странство. Тие ќе имаат можност преку предавања да го претстават своето творештво и да направат автопоетички осврт, да ги кажат своите ставови за творештвото, поезијата...
Учесници на новиот Зимски поетски фестивал се Мохамед Бенис од Мароко, Александар Шурбанов од Бугарија, Душко Новаковиќ од Србија и Виолета Танчева-Златева од Македонија.
Во рамки на програмата утре свое претставување ќе има мароканскиот поет Бенис, кој најпрво ќе одржи предавање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а вечерта ќе има поетски портрет и читање поезија. Следниот ден е посветен на поезијата на бугарскиот поет Шурбанов, петокот ќе биде резервиран за српскиот поет и преведувач Новаковиќ, додека последниот фестивалски ден е резервиран за добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година Танчева – Златева.
Учесниците на фестивалот ќе бидат објавени во едицијата „Плејади“ чие творештво ќе стигне до читателската публика.
Од СВП најавуваат дека идната година Зимскиот фестивал ќе се одржува и на универзитетите во Битола, Штип, Охрид и Тетово каде ќе се организираат дел од активностите.
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство