Почнува проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од „Борис Трајковски“
Почнуваат градежните работи на третата фаза од проектот за реконструкција и проширување на улицата "Борис Трајковски". Проектот е во вредност од 4,2 милиони евра што Градот Скопје ги обезбеди од централната власт преку Проектот за подобрување на општинските услуги на Светска банка.
Проширувањето и реконструкцијата, кое стартува денеска, во оваа фаза ќе се врши на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија, со вкупна должина од 2.200 метри. Булеварот ќе биде со ширина од 13,75 метри, со четири ленти и пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот. На новиот булевар ќе се постават и нови семафори и целосно нова хоризонтална и вертикална сигнализација.
Градежните работи на улицата „Борис Трајковски“ ќе се искористат и за изградба на нова атмосферска канализација по должината на улицата, ќе биде извршена заштита и дислокација на постојните подземни инсталации (електрични и телекомуникациски), а ќе биде поставено и целосно ново улично осветлување.
Градежните работи ќе ги изведува конзорциум од фирмите „Бетон“, „Бауер“ и бугарската „Понстрој инженеринг“. Работите треба да завршат за 18 месеци.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите