Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата - vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.
Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, а од МЗ посочуваат дека континуирано го зголемуваат бројот на обезбедени вакцини.
Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrW....
На тој начин, секој граѓанин директно се регистрира за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс лицата кои ќе се пријават ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
ОД МЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
Ново на Сител
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск
-
Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки
-
Путин: Неопходен е нов светски поредок
-
Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот Одеса
-
Приведен албански државјанин за незаконит риболов
-
Тројца дилери приведени во Скопје
-
Димитриевски: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет