Почнува новиот конкурс за млади дизајнери-илустратори на „Браво сине“
По минатогодишниот успешен проект „Слатко со идентитет“ за визуелно брендирање слатко произведено во Македонија, при што победници на конкурсот беа двајца дотогаш неафирмирани млади креативци, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво сине“ распишува нов конкурс за млади дизајнери – илустратори, овојпат за креативна илустрација на четири избрани и јазично преработени бајки од народното творештво, под наслов „Бајки од Македонија“.
Наградниот фонд за најдобрите и годинава изнесува 200.000 денари, средства обезбедени од „Браво сине“.
Младите креативци треба да бидат на возраст до 35 години и државјани на Република Македонија, а оригиналните илустраторски решенија треба да ги испратат на интернет адресата ivo.laurencic@bravosine.mk најдоцна до 15 декември 2015 година. Конкурсот е анонимен до првата селекција, по што најдобрите автори ќе да бидат повикани лично да го презентираат креативниот пристап.
- Нашиот основен мотив годинава е јавниот интерес за приближување на народното творештво кон децата од предучилишна возраст и афирмација на националните вредности во услови на глобализација. Убедени сме дека за младите креативци ќе го препознаат предизвикот, па и годинава во голем број ќе пријават свои трудови. Веруваме во креативниот потенцијал на младите во Македонија и затоа го поддржуваме, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на „Браво сине“.
Пристигнатите решенија за илустрација на бајките ќе ги оценуваат претставници на Управниот одбор на Движењето, на издавачката куќа-партнер „Арс Ламина“ и претставници на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Формалните информации и пропозициите, како и четирите избрани бајки, адаптирани за предучилишна возраст, може да се преземат на www.bravosine.mk.
Со реализација на проектот „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ се обидува да даде свој придонес во приближување на македонското народно творештво до најмладите и поголема популаризација и реафирмација на традиционалните вредности. Основна мисија на Движењето „Браво сине“ е поддршка на креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуализација на автентични национални вредности.
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и од целиот регион.
Ново на Сител
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите