Ф1
2. March 2024 - 12:26

Почнува новата сезона во Формула 1

Со трката за Големата награда на Бахреин денеска на патеката Сахир ќе стартува новата сезона во Формула 1.

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен од Ред Бул ја почнува одбраната на титулата пол-позицијата, откако беше најбрз на вчерашните квалификации.

До него во првиот ред ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер, а зад нив во вториот ред Џорџ Расел (Мерцедес) и Карлос Сајнц (Ферари).

Првата трка во новата сезона во Формула 1 ќе стартува во 16 часот.