Фудбал
11. August 2017 - 9:20

Почнува новата сезона на Премиер лигата

Со натпреварот што се игра вечерва од 20:45 часот меѓу Арсенал и Лестер ќе стартува новата сезона во англиската Премиер лига. Титулата шампион ќе ја брани екипата на Челзи, а нови челнови на Премиер лигата во оваа сезона се: Њукасл, Брајтон и Хадерсфилд.
 
Утре се играат седум натпревари од стартното коло. Во терминот од 13.30 часот играат Ливерпул гостува кај Вотфорд, додека од 16 часот играат: Кристал Палас - Хадерсфилд, Евертон - Стоук, Саутемптон - Свонси, ВБА - Бурнемут. Дуелот Брајтон - Манчестер Сити почнува во 18:30 часот.
 
Во недела се играат два дуела: Њукасл - Тотенхем и Манчестер Јунајтед - Вест Хем.