Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување
Од денеска почнува мониторингот на изборното медиумско претставување кој ќе се врши според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера соопшти дека одлучила да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година.
Во меѓувреме се комплетира и почна да работи и Привремената комисија за следење на медиумското претставување чиј мандат ќе биде до крајот на изборниот процес. Петтиот член Љуљзим Хазири беше избран со консензус откако неговата кандидатура беше договорена на состанокот на лидерите на партиите во средата вечер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот