-->
-->
Почнува меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“
-->
Од денеска до петнаесетти септември во древното македонско светилиште манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се одржи 29. меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.
Во работата на оваа ликовна манифестација ќе учествуваат осумнаесет творци од девет земји од Белгија, Грција, Словенија, Романија, Украина, Турција, Бугарија, Србија и Македонија. По две од нивните дела остануваат во манастирската збирка од колонијата.
- Авторите ќе сликаат по слободен тематски пристап, а создадените дела ќе бидат презентирани на завршната изложба која традиционално се организира пред затворањето на колонијата за пошироката јавност да може да ги види неповторливите ликовни изблици кои сликарите ги пренесуваат на платното, информираше Ордан Михајловски, член на Советот на колонијата.
Оваа реномирана меѓународна ликовна колонија се организира под покровителство на управата на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Изложбата со годинашните дела ќе се одржи на 14. септември во галеријата на стариот манастирски конак, а по завршување на колонијата делата ќе бидат презентирани и на изложби во Скопје и повеќе градови низ републиката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори