Почнува летниот распуст за учениците
За околу 270 000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, денеска е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.
Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година. На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.
Матурантите, пак, утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.
Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата.
На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.
Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15 256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите.
Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.
Ново на Сител
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани