Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит
Главните преговарачи од европска и британска страна се сретнуваат денеска во Брисел за стартот на главната фаза на преговорите за Брегзит – идното партнерство.
Мишел Барние, европскиот преговарач и Дејвид Фрост, британскиот, ќе одржат состанок после пладне, по што треба да започне првата рунда преговори која ќе трае до четврток.
Оваа фаза од преговорите е најсуштинската бидејќи ЕУ и Обединетото Кралство ќе почнат да преговараат за идното партнерство на двата блока, пред сѐ од трговски аспект, што подразбира почитување на стандардите на внатрешниот пазар на Унијата, но и безбедноста, одбрана и други области.
Минатата недела двете страни ги објавија своите преговарачки мандати со длабоки разлики кои тешко ќе се премостат до крајот на оваа година, кога транзициската фаза завршува.
Доколку двете страни не постигнат договор, се враќа ризикот од „Брегзит без договор“, односно можен економски хаос.
Британскиот премиер од своја страна предупреди дека ќе ги напушти преговорите доколку тие се одолговлекуваат без напредок.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни