Македонија
27. August 2021 - 13:17

Почнаа Струшките вечери на поезијата

Со интерпретација на Константиновата „Т'га за југ" и традиционално палење на поетскиот оган се отвори завесата на јубујелните 60 ти Струшки вечери на поезијата. На манифестацијата koja се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“ со која се потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот присуствуваа  голем број поети од земјава и од странство, и љубители на пишаниот збор.

Специјално видеообраќање имаше и годинешната лауреатка, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година.

Манифестацијата завршува на 30 август, со меѓународното поетско читање Мостови" и врачување на наградите, „Браќа Миладиновци" и „Мостови на Струга",

Фестивалот се одвива според сите протоколи за заштита од коронавирусот.