Македонија
4. February 2021 - 12:45

Почна со работа модуларната болница во Гевгелија

Интерното одделение во гевгелиската болница се враќа на неговата примарна функција. Ковид пациентите кои до сега беа хоспитализирани на овој оддел ќе се лекуваат во модуларниот ковид центар кој и официјално започна со работа.  Освен хоспитализација во ново отворениот ковид центар ќе се реализираат и сите останати активности поврзани со Ковид пандемијата.

Од гевгелиската болница информираат дека модуларниот ковид центар има перманентна 24 часовна покриеност со комплетен медицински тим, почнувајќи од доволен број на доктори, медицински сестри, лаборанти и техничка служба. Просториите кои до сега се користеа за тестирање и третман на ковид пациентите ќе добијат друга намена.

Од почетокот на пандемијата во Гевгелискиот регион се регистрирани 1011 случаи на корона вирус. Во моментов  активни се 109. Од нив седум лица се наоѓаат на болничко лекување.