Почна реконструкцијата на улицата „Руди Чајавец“
Премиерот Никола Груевски и градоначаникот на општина Аеродром Ивица Конески денеска официјално го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Методија Шатаров Шарло“ по старо „Руди Чајавец“ во Стар Аеродром.
Станува збор за проект што опфаќа изградба на нова фекална канализација во должина од околу 400 метри и нова атмосферска канализација од околу 300 метри, потоа изградба на нова водоводна мрежа, како и целосно ново асфалтирање во должина од 700 метри. Новата улица ќе добие и целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а предвидена е и изградба на тротоари во должина од околу 1.300 метри. На оваа локација ќе се изградат и нови линии за јавно осветлување во должина од околу 600 метри со 30 сијалични места.
- За првпат од првичната изградба пред речиси 40 години улицата ќе биде темелно обновена. Според плановите, предвидено е да се гради атмоферска и фекална канализација, ќе се надогради водоводната мрежа и ќе се постави комплетно ново осветлување. За жителите на Стар Аеродром тоа ќе значи и конечен крај на поплавите кои не беа невообичени во минатото, рече премиерот Груевски.
Нагласи дека со обновувањето на асфалтот ќе се затворат дупките, ќе се подобри безбедноста и ќе се намалат нервозите во сообраќајот.
- Изградбата предвидува и асфалтирање на краците кои од главната улица водат пред зградите. Новите тротоари и инсталирањето на улично осветлување дополнително ќе придонесат за постигнување на високо урбаната атмосфера по која Аеродром е познат, рече Груевски и додаде дека токму на оваа улица наскоро ќе бидат приклучени и десетина нови станбени објекти.
Сличен ќе биде ефектот, додаде, што ќе се постигне и со реконструкцијата и асфалтирањето на улицата „Тодор Чангов“ каде работите се при крај и локалниот пат во Горно Лисиче, чија обнова е веќе започната. Потенцира дека му е драго што на интензивната градба на автопатиштата и патиштата шриум Македонија се надоврзуваат и општините, особено во Скопје каде, како што рече, на големо се гради.
Градоначалникот Конески посочи дека овие градежни зафати се неопходни за жителите на стар Аеродром да добијат подобри услови за живеење, полесен проток на сообраќајот и поголема безбедност.
- Со реализација на овој проект очекуваме населбата да добие целосно нов урбан лик. За овој проект Општината издвои над 20 милиони денари од својот буџет, а ќе бидат вложени дополнителни 6 милиони денари за изградба на водоводната мрежа, рече Конески.
Тој се заблагодари за континуираната помош што на општина Аеродром и ја дават Владата и градот Скопје и вети дека и понатаму ќе реализираат проекти од интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време