Македонија
31. August 2020 - 18:11

Почна протестот на средношколците - бараат комбинирана настава

Стотина средношколци во моментот маршираат кон зградата на Владата во знак на протест против начинот на реализација на новата учебна година од 1 октомври. 

Тие се собраа пред зградата на Нова Македонија од каде што го започнааа протестниот марш. 

Бараат новата учебна година да почне со комбинирана настава а не онлајн како што е предвидено. 

Според нив за начинот на организирање на наставата не треба да се одлучува на централно ниво туку да се одлучува според епидемиолошката слика во општините, тоа значи да не се гледа сликата само во поголемите градови туку бројот на новозаразени и на активни случаи во секоја општина поединечно. 

Пред Владата ќе ги искажат своите барања но нема да прифатат средба со владини претставници. 

Повеќе информации во Дневникот на Сител во 19 часот.

 

 

Даниел Василев