Почна проценка на штетите врз земјоделските површини од невремето
Од денеска комисиите почнуваат да работат за да се направат проценките за тоа колкава е штетата по земјоделските површини по невремето што ја зафати државата. За општина Лозово, проценката ќе се направи во следните 10 дена поради тоа што станува збор за едно од најпогодените подрчаја во овие три дена, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николоивски вечерва во Дневникот на ТВ Сител.
Тој верува дека во Владата многу брзо ќе го добијат извештајот од општините, а со ребалансот на Буџетот, информира, во ставката за државни резерви кај Министерството за финансии се предвидени дополнителни 60 милиони денари.
Министерот Николовски најави дека во Собранието треба да дојдат квалитетни закониски решенија за пасишта, за виното, за осигурување, за нов советодавен систем, за рибарство, за ловство и многу други закони што го менуваат системот на земјоделството на долг рок.
Ново на Сител
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции
-
АХВ во превенција и заштита од болеста чума кај малите преживари
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов