Македонија
3. March 2021 - 19:47

Почна попишувањето на бездомниците

Камери, политичари, новинари...Невообичаен ден за бездомните лица во Визбегово. Ненавикнати на медиумското внимание, оваа ранлива категорија граѓани денеска ги прими попишувачите во импровизираните живеалишта.

Со прибирањето на податоците на 105 лица сместени во прифатниот дом, продолжи првата фаза од пописот во Македонија.

Најповиканите за помошта на овие луѓе, пак, се повикаа на нужноста од пописот за олеснување на социјалните политики. Од Министерството за труд и социјала велат дека без овие податоци, рацете им се практично врзани при креирањето на политиките на речиси сите категории на граѓани.   

Прифатниот дом во Визбегово е прв од центрите за бездомни лица опфатени со пописот. Следна цел на попишувачите е домот во Чичино село каде што се сместени 26, и центарот “Ранка Милановиќ” каде што се ќе бидат попишани 174 бездомни лица.