Почна одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица
Недела на грижа за стари лица почна да се одбележува од денеска под мотото „Сите сме нивни деца“. Ќе трае до 27 ноември, а активностите ги спроведува Црвениот крст на Град Скопје.
Во Културно информативен центар денеска беше промовирана соработката на Црвениот крст со партнерите на проектот: компанијата ЕВН Македонија, Град Скопје, Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонија, Австрискиот Црвен крст и Албиз Фондација.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити рече дека одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица е еден сегмент од нивните активности. Посочи дека работењето во тој сегмент ги прави попрепознатливи и поуспешни.
- Преку клубовите за стари лица кои работат во Скопје, Велес, Крива Паланка, Кичево, Дебар и Струга на годишно ниво опслужуваме околу 400 приматели на нашите услуги во домашни услови. Нашите клубови или дневни центри ги посетуваат околу 700 посетители. Во Неделата на грижа за стари лица ќе бидат вклучени над 5.000 луѓе кои со својот потег ќе го дадат потребниот придонес во смисла на збогатување на сето тоа што го правиме како Црвен крст, додаде Саити.
Игор Гиевски, претставник на ЕВН, истакна дека она што Црвениот крст го прави во Република Македонија, одбележувајќи најразлични настани, опфаќајќи ги сите категории лица од најмлади до највозрасни, сите на кои им е неопходна помош, било препознаено од нивна страна.
- Најдобро преку Црвениот крст она што го имаме издвоено од нашиот буџет ќе биде искористено таму каде е потребно, додаде Гиевски.
На настанот беше посочено дека изминатата година Црвениот крст на Град Скопје, првпат овој социјален сервис го проширил во рурална средина, а тоа се случило на територија на општината Сарај, со поддршка на Албиз Фондација.
Извршниот директор на Фондацијата, Илир Идризи рече дека нивната програма опфаќа инвестирање во општеството и во најзагрозените катерогии. - Минатата година почнавме партнерство со Црвениот крст. Дневниот центар за стари лица во Сарај функционира на најдобар можен начин, додаде Идризи.
Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица денеска во Културно-информативниот центар беше отворен мини саем на Дневниот центар за стари лица и Центарот за давање помош во домашни услови, на кој посетителите се информираа за активностите и направија превентивни здравствени прегледи.
Од Црвениот крст информираа дека 23 ноември ќе го посетат Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, а на 25 ноември ќе ги промовираат своите два проекти поврзани со Македонска пошта, а ќе се одржи и изложба во Домот на градежниците.
Во рамки на активностите на Црвениот крст, ќе бидат посетавени пунктови на неколку локации во градот на кои на заинтересираните граѓани ќе им биде измерено нивото на шеќерот во крвта и крвниот притисок. По завршувањето на Неделата на грижа за стари лица, од Црвениот крст ќе продолжат со посета на стари лица во домашни услови.
Ново на Сител
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николоски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи