Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец
Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.
Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиони евра.
- Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди, рече Канческа Милевска.
Паралелно Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.
Според министерката Канческа – Милевска, елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната недела.
- Одредена превентивна заштита е потребна, а проектите треба да бидат готови крајот на годината. Идната година да започнеме со конзервација, додаде Канческа Милевска.
Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески изјави дека обновата на манастирот значи многу за општината, односно за развојот на манастирскиот туризам.
Посочи дека манастирот е еден од најубавите на Балканот и е многу посетуван. - Постојано вложуваме во развојот на културниот туризам, додаде Ристески.
Отец Калист истакна дека за МПЦ е важна и изработката на проектите за црквата, трпезаријата и магерницата.
Ново на Сител
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски