Почна маршот за настраданите во Кочани
Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатуваат кон Собранито на Северна Македонија.
Тие скандираа "Доста беше смрт", "Секој еден, може да е следен", "Правда за жртвите" и "Доста бевме ние, системот е следен". Може да се видат и транспаренти на кои пишува "колку мито треба за да ги вратиме жртвите", "нема тишина, само правдина",...
Предвидено е граѓаните да се распоредат во паркот „Жена борец“, спроти Собранието и Градската болница. Оттаму, со петминутен аплауз, ќе им оддадат почит на здрваствените работници.
Маршот потоа треба да породлжи кон хотелот „Холидеј Ин“, да помине преку мостот „Филип Втори и преку булеварот „Гоце Делчев“ да пристигне до Владата каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.
„Koj е следен?" во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.
- Забранети се партиски обележја зашто протестот е граѓанска иницијатова и не смее да се партизира. Учесниците да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат секаков вид провокации, да не носат остри предмети, оружје, пиротехника и да не фрлаат отпад, наведуваат од „Koj е следен?".
Додаваат и дека е забрането уништување на јавен и приватен имот.
Поради протестниот марш, од 19.00 часот е воведен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. СВР Скопје апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија
-
Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините
-
Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
-
Кривична против две лица од прилепска болница, присвоиле средства од благајната во вредност од 2.269.317 денари
-
Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ
-
Негативен природен прираст во првото тримесечје - родени 3 526, умрени 5 398
-
До недела променливо време со повремен дожд, а потоа стабилно и топло до 35 степени
-
Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година