Македонија
16. October 2021 - 16:42

Почна гласањето на локалните избори - гласаат болни, изнемоштени и затворeници

988 затвореници од КПУ Идризово денеска го оставија правото на глас. За нив не беше предвидена проверка преку фингер принт бидејќи нивниот идентитет е веќе  потврден со судската пресуда. Околу 20 проценти беше излезноста до пладне во овој затвор според евиденцијата на избирачкот одбор. Гласачи има од 59 општини во овој затвор, па секое гласачко ливче пред да го спуштат во кутијата,  се затвараше во плик на кој се назначи општината каде потоа треба да замине на пребројување. Од ќелиите каде ја извршуваат казната до гласачкото место беа транспортирани со полициско возило.

 „1112 вкупно затвореници со денешниот пресек од кои  107 се странци кои се без документи останатите имаат но 988 се на избирачки список Должноста беше да се обезбедат Лични карти со мобилните екипи на МВР но за оние кои не им пристигнале до сега, ДИК има разбирање. рече Јовица Стојановиќ, директор на КПУ Идризово.

На гласачките места во сите 13 казнено поправни установи право на глас имаат 1899 гласачи. Во текот на денешниот ден избирачкото право го остваруваат и лицата кои се во куќен притвор, во изолација поради  КОВИД 19, стари, изнемоштени и болни и лица кои се сместени во старечките домови. Вупно 10 653 граѓани гласаат ден пред изборите.

ДИК издале акредитации за 1247 набљудувачи од кои 870 домашни, 367 странски и 10 новинари од странство.