Македонија
28. November 2020 - 13:13

Почна антивладиниот протест во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Ова е втор протест пред Владата во последните три дена кој се организира како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со отворените прашања со Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Заев поради како што велат антимакедонски политики и прифаќањена услови од Софија кои значат бришење на македонската историја и идентитет.

Со возила или пешки граѓаните тргнуваа од две страни, спортските сали Борис Трајковски и Јане Сандански, а завршија пред Владата. 

Од пред Владата обраќање ќе има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Освен овие два протести во Скопје, вчера имаше протести и низ 7 градови низ државата.

 

 

 

 

Катерина Нешкова