Почна 7. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“
Дваесет и пет ликовни уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Франција, Албанија, Бугарија, Турција и Русија од денеска до 10 јули ќе творат на седмата Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Колонијата, чиј организатори се сопствениците на ресторанот „Виа Игнација, свечено беше отворена синоќа, а отворањето беше посветено на доајенот на македонското сликарство академик Глигор Чемерски, кој беше учесник и голем пријател на „Вевчански видувања“.
Големото и плодно творештво на Чемерски, според Мишо Китаноски, засекогаш ќе остане сопственост на македонскиот народ и неговата култура. Неговите дела, посочи, биле прикажани на над 150 ликовни изложби.
- Твоите сликарски дела се непотворливи секаде во светот. Досега биле изложени на над 150 ликовни изложби во сите изминати децении исполнети со твоите немири и копнежи да се допре до недопреното, да се дофати недофатеното во уметноста и пак да се остане свој и на својата, на македонската почва. Твоите дела најдобро сведочат дека со убавината се брани татковината, рече Китаноски.
И уметникот Петар Попчев, учесник на сите досегашни колонии се осврна на моментите поминати со Чемерски. За уметноста посочи дека нема граници и бариери, а како пример за тоа ја посочи средбата со минатогодишни учесници од Белград со кои не се сретнал, но сега по делата се препознале.
- Уметноста нема граници, нема бариери, уметноста може да ја препознаете било каде, но мора да има размена на енергии на уметниците, истакна Попчев.
Се уште незнае што ќе го инспирира годинава за сликање, но нагласи дека повторно ќе биде свој и различен од другите. - Колку сум послободен уметноста ми враќа многу повеќе. Тука природата е фантастична. Рано наутро одам да пешачам, а потоа почнувам да сликам, додаде Попчев.
Олга Панкина, уметник од Русија по втор пат учествува на колонијата и е воодушевена од Вевчани и околината, но и од народот. По нејзина препорака, истакна дека група руски уметници појавиле интерес да дојдат во Вевчани и да творат.
- Лани бев и останав одушевена од Вевчани, од околината и од колонијата. Тука се е средено, се потруди природата, а и луѓето се грижат да биде убаво. Ќе направам една слика инспирирана од поезијата на Блаже Конески тоа ќе биде ѕвездено небо шиено со црвен и црн конец, како во неговата позната песна. Преку литературата и уметноста ја промовирам Македонија во Москва, рече Панкина.
На отворањето на колонијата присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
На Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ досега учествувале голем број еминентни ликовни уметници, како од земјава, така и од странство. Изминатите години изложби со слики од колонијата беа организирани во Њујорк, Подгорица, Софија и во Скопје, но и низ други градови во Македонија, кои предизвикаа голем интерес кај публиката.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат