-->
-->
ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Македонија тагува по 14-те загубени животи
-->

Ова се нашите сограѓани кои прерано починаа:
Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
Арсен Арсовски
Онур Садику (19), од Гостивар
Есат Емрули, од Гостивар
Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
Бесим Фетаи, од Врапчиште
Бејза Узеири, од Долна Бањица
Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
Бобан Аврамовски, студент на ФОН
Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје.
Во стравичната автобуска несреќа на патот Скопје- Тетово повредени се 37 лица.
Двајца од повредените, сместени во ГОБ „8 Септември“ кои се во критична состојба, се мажи на возраст од 40 до 50 години и имаат повреди на мозокот, интрацеребрални крварења и се под контрола на неврохирург. Засега се во стабилна состојба. Како ќе се развива клиничката слика не знаеме, ќе покаже времето. Најмладиот пациент на возраст од 15 години е опериран синоќа и е во добра состојба.
Од згрижени пациенти во ГОБ „8 Септември“, шест денеска се пуштени на домашно лекување.
Во Клиничкиот центар се лекуваат осум пациенти од кои четворица се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по еден пациент има на Клиниките за трауматологија, неврохирургија, торакална хирургија, а една бремена жена се лекува на Клиниката за гинекологија и е во добра општа состојба. Четворицата пациенти кои се сместени на КАРИЛ се во тешка состојба.
Од Основното јавно обвинителство пак, рекоа дека Интензивно работат на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата.
Да не се повтори и да не се заборави!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам