Македонија
22. July 2024 - 17:02

Починат Хрват пронајден во скопски хотел

Хрват починал во скопски хотел.

- На 21.07.2024 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција.