Македонија
11. March 2016 - 11:10

Почина возачот кој ја проби оградата на мостот „Гоце Делчев“

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, потврдуваат од СВР Скопје.

Станува збор за возачот на излетаното „Фиат пунто“, на возраст од 60 години кој починал на лице место.

Според полицијата, утринава во 9:50 часот, прво дошло до судир на автомобил „Фиат пунто“ и „Цитроен“, двете возила со скопски регистерски таблички, по што „пунтото“ се забило во оградата на мостот и останало да виси. Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.

Полицијата ври увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.

Фото: Александар Ивановски, Република