Фудбал
30. December 2021 - 13:42

Почина Ванчо Трпевски, легендата на Вардар

Денеска на 87-годишна возраст почина легендата на Вардар, Ванчо Трпевски кој целата кариера ја мина во редовите на екипата, најпрво како играч, а потоа и како тренер во помладите и сениорските категории на најтрофејниот македонски клуб.

Трпевски е роден во 1934 година. Од Вардар е од почеток до крај, од неговите почетоци до пензионирањето.

Иако неговото вистинско име му е Јован Трпев, сите го знаат како Ванчо Трпевски.

Трпевски е и татко на музичката ѕвезда Искра Трпева.