-->
-->
Почина уште еден од повредените во терористичкиот напад во Ница
-->
Во болницата во Ница вчера почина уште еден маж повреден во терористичкиот напад во Ница од пред три недели, кога радикален исламист со камион влета во толпата што го чествуваше Денот на падот на Бастилја, со што бројот на жртвите се искачи на 85.
Според медицинските извештаи, името на починатиот е Пјер Атерман. Неговата сопруга Франсоаз и синот загинаа во самиот напад, а неговата ќерка се уште се наоѓа во болницата.
Нападот во Ница од 14 јули го изведе Мохамед Булел, државјанин на Тунис, кој со камион влета во толпата и потоа беше убиен од полицијата. Одговорност за нападот ја презеде ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа
-
Сончево со мала локална облачност
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието