Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито
Во Белград на 70 годишна возраст почина внуката на Јосип Броз Тито, д-р. Светлана Броз, кардиолог, писател и активист за човекови права.
Таа беше истакната активистка за човекови права, автор на култната книга (седум изданија), преведена на шест светски јазици, „Добри луѓе во време на злото“, како и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците на Руанда помеѓу заборавот и помирувањето“ и многу други.
Предавала на 52 американски универзитети, како и на 80 европски универзитети.
Таа е почесен граѓанин на Тузла (БиХ). Носител на Националниот орден за заслуги на Франција, L’Ambrogino d’Oro и La Bussola dell’ Educazione „Margherita Zoebeli“ од Италија; прогласен за Праведник во Светскиот парк на праведните во Милано (Италија).
Кремирањето ќе се изврши на 26 март во 14 часот и 15 минути на Новите гробишта во Белград.
Ново на Сител
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација