-->
-->
Почина судијата Огнен Ставрев кој ги судеше „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“
-->
По кратко боледување, на 63-годишна возраст утрово почина судијата Огнен Ставрев од Основниот Кривичен суд Скопје.
Судијата Ставрев пред две недели ја објави пресудата за ,,Титаник 2″, а изрече и низа пресуди за предмети од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како „ТНТ“, „Монструм“. Ставрев три децении работеше како судија, а смртта го затекна на местото судија во Одделот за организиран криминал и корупција каде судеше многу актуелни предмети, како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“.
Огнен е син на Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија (СРМ) и градоначалник на Скопје при обновата по земјотресот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата