Македонија
23. February 2019 - 12:39

Почина скопјанка, откако била прегазена на пешачки

Трагедија го потресе Скопје, вчера во болница почина 72-годишна скопјанка со иницијали Т.С. која била донесена во болницата откако била утрината прегазена на пешачки премин на крстосница од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“ во Скопје.
 
– Од ударот Т. С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што во 15:30 часот била констатирана смрт. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот, информираа од полицијата.