Џет-Сет
23. January 2017 - 17:15

Почина познатиот актер кој со години не засмејуваше

Британскиот актер Гордон Кеј, кој го толкуваше ликот на Рене Арто во сетком серијата на Би-Би-Си „Ало, Ало“, почина на возраст од 75 години.

Смртта на актерот утрово ја потврди неговиот агент, објави „Сан“.

Хит серијата, чие дејствие се одвиваше за време на нацистичката окупација на Франција, се прикажуваше на Би-Би-Си од 1982 до 1992 година.