Почина писателот и хроничар Данило Коцевски
Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец“, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.
Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски“ на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештро во неговата драма „Од првиот здив’ (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.
Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје.
Библиографија
– Книги од книжевната критика и теорија: „Да и Не“, Култура, 1981, „За новите тенденции“, Наша книга, 1984, „Сепак се движи“, Македонска книга, 1985, „Критиката како заблуда“, Македонска книга,1986, „Поетиката на постмодернизмот“, Култура, 1989, „Антиномиите на критиката“, Мисла, 1992, „Модерно и постмодерно“, Македонска книга, 1993, „Нови есеи“, „Наша книга“, 2001, „Побуна на интелектуалците“,Дело,2007,„
-Романи: „Одисеј“, Култура, 1991, „Ќе одиме ли кај Џо“, Детска радост, 1992,„Јустинијана, градот кој го нема“, Култура, 1999, „Роман за Ное“, Слово, 2003, „Пиколомини пред портите на Скопје„, „Три, 2005. Поезија: „Каде се раѓа песната“, Детска радост, 1992, „Поетовата смрт“, Култура, 1995
-Драми: „Мистер Бекет“ („Од првиот здив“), изведена во Драмскиот театар 1995 година, награда „Ристо Шишков“ за артистот Диме Илиев истата година, „Еразмо Ротердамски“, награда на конкурсот на МНТ за драмски текст, „Кабаре Скопје“, кабаретска претстава за некогашно и современо Скопје, изведена во МКЦ 2002 година, во продукција на Дирекцијата за култура и уметност…
-Кратки прози: „Патување за Аркашон“, Мисла, 1989, „Магијата на Скопје“, Дирекција за култура и уметност, 1996, “Го сакам Скопје“, Скопско лето-Дирекција за култура и уметност, 2000,,„Белешките на осамениот шетач“,Аз-Буки, 2002 „Чај од јужните мориња“, Магор, 2006,„Скопски легенди“, Дирекција за култура и уметност“,2017.
Ново на Сител
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”
-
Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата
-
Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување