Почина пејачката Марина Пухариќ
Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика Марина Пухариќ.
Пухариќ ќе остане запаметена по нејзините композиции „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и на забавните нумери „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“ и „Помина време“.
Таа има соработувано со повеќе композитори, меѓу кои и со Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров и Јанко Узунов, а беше дел и од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка Нина Спирова.
Целиот свој работен стаж Марина Пухариќ освен на музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.
Посмртните останки на Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот.
Ново на Сител
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко
-
Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
-
Незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти, условна затворска казна за вработен во прилепската болница
-
Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти