Почина пејачката Марина Пухариќ
Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика Марина Пухариќ.
Пухариќ ќе остане запаметена по нејзините композиции „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и на забавните нумери „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“ и „Помина време“.
Таа има соработувано со повеќе композитори, меѓу кои и со Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров и Јанко Узунов, а беше дел и од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка Нина Спирова.
Целиот свој работен стаж Марина Пухариќ освен на музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.
Посмртните останки на Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот.
Ново на Сител
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови