Почина најпознатиот готвач во светот
Еден од најопзнатите готвачи на светот , сопственик на ланец на ресторани, ТВ ѕвезда и автор на бројни кулинарски книги, Антонио Карлучио почина на 80 години.
Карлучио е од Италија во Лондон се преселил 1991 година и во Велика Британија изградил кариера како најголема ѕвезда во светот на гастрономијата.
„Кумот на тестенините“, како што го нарекуваа британските медиуми, беше сопственик на ланцеот ресторани „Carluccio's", автпр на 19 книги за гастрономија, но и ТВ ѕвезда во шоуто „"Two Greedy Italians" до Џенар Кондалдом која се емитуваше на ББЦ.
Карлучио во Велика Британија имаше статус на ѕвезда, а исклучително бил почитуван од кралското семејство.
Неговите рецепти за тестенини ги интересираа сите гурмани на светот, и често нагласуваше дека храната е неговиот живот. Ја обожувал својата работа, а неговите јадења ги обожавале сите оние кои имале чест нешто да им зготви. Во еден од неговите ресторани занаетот го научи и „голиот готвач“, Џејми Оливер.
Ново на Сител
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица