Почина модниот креатор Пако Рабан
Шпанскиот моден дизајнер Пако Рабан денеска почина 88-годишна возраст во Франција, соопшти каталонската групација Пуиг, сопственик на заштитниот знак што го носи неговото име.
- Со длабока тага, Пуиг ја објавува веста за смртта на Пако Рабан, се наведува во соопштението на групацијата.
Рабан починал во село во Бретања каде што живеел.
Тој ја започна својата кариера создавајќи модни детали, накит, вратоврски, копчиња, кои им ги понуди на големите куќи за висока мода - Диор, Сен Лоран и Карден.
Во текот на својата кариера, креаторот се занимавал и со езотеризам. Тој се истакна и со бројни ексцентрични изјави и опасни предвидувања.
Рабан во 1999 година во една од неговите книги пишува дека Париз ќе биде уништен откако врз градот ќе се урне Меѓународна вселенска станица. Тој тоа го тврдеше врз лично толкување на пророштвото на Нострадамус.
Ново на Сител
-
Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хулие добија Нобелова награда за физика
-
СПМ: Власта да ги исполни барањата на пензионерите
-
104-годишна Американка скокнала со падобран
-
Претрес во Велес, приведени петмина дилери на дрога
-
Сопственикот на Интер Мајами: Сите ми велеа дека сум луд кога кажав дека Меси ќе потпише за нас
-
Девојка од Црна Гора го искина и плукна знамето на Србија: Полицијата трага по неа
-
Во Австралија започна гласањето за правата на домородните народи
-
Маж со изгореници пронајден во канал кај Нови Сад