Свет
17. October 2016 - 17:28

Почина министерот за здравство на Литванија

Литванскиот министер за здравство Јурас Пожела почина на 34 години, само што беше реизбран за член на Парламентот.

Тој беше најмлад член на Владата предводена од Социјалдемократската партија. Пожела беше реизбран на првиот круг од изборите на 9. октомври.

Како што соопшти денеска семејството и Социјалдемократска партија Пожела почина вчера откако два месеци беше на болничко лекување од акутен панкреатит.