Македонија
1. October 2022 - 16:47

Почина маж, телото предадено на обдукција

Денес во 04.19 часот од Итна медицинска помош во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека од страна на К.С. во стан на ул.„Џон Кенеди“ бил пронајден починат нејзиниот сопруг Р.С.(70), информира МВР.

Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, без траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.