Почина малата Ева, девојчето за коe се собираа пари за лекување во Германија
Почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за коe се собираа пари за лекување, објави Фокус.
Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во еден момент состојбата и беше влошена поради што беше неопходно веднаш да замине на операција во Германија.
Фондот за здравство покрива дел од износот, остатокот треба да го обезбеди семејството, за што се бараше и собраше помош. Но, за жал не се собраа пари.
На социјалните мрежи, гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца.
Хумани граѓани, организации, компании и поединци изминатиот период организираа бројни настани и активности за помош на Ева која требаше да замине на операција во Германија.
За жал нејзиното храбро срце не ја издржа битката со болеста.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ