Почина легендарниот кошаркар Бора Станковиќ
Легендарниот кошаркар и кошаркарски функционер си замина од овој свет на 94-годишна возраст.
Беше роден во Бихаќ, денешна БиХ во 1925 година, како млад се доселил во Нови Сад, а по Втората светска војна и во Белград. Како играч настапувал за Црвена Звезда, Железничар и Партизан во периодот од 1946 до 1953 година, а пред крајот на играчката кариера, паралелно почнал да работи и како тренер на „црно-белите“. Со таа работа се занимаваше до 1970 година, водејќи ги ОКК Београд и Канту.
Сепак, Борислав Станковиќ остана најзапаметен по вршењето на функцијата генерален секретар на ФИБА, во периодот од 1976 до 2003 година. Во овој период кошарката доживеала огромна експанзија и станала еден од најпопуларните спортови во светот. Негова е идејата на Олимписките игри да настапуваат и професионалците од НБА лигата што и се оствари првпат во Барселона 1992 година.
Во неговата ера во кошарката е воведен шутот за три поени, терените добија нови димензии, а пред крајот на неговата функција, натпреварите место во две полувремиња, почнаа да се играат во четири четвртини.
Во 1991 година Станковиќ беше примен во кошаркарската Куќа на славни, во 2000 година во женската кошаркарска куќа на славни, а во 2007 во Куќата на славните на ФИБА.
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво