Почина Јулиан Влад, последниот шеф на Секуритате
Јулиан Влад, кој раководеше со озлогласената тајна полиција на Романија, Секуритате за време на комунизмот, почина на 86-годишна возраст, јавија романските медиуми, повикувајќи се на тврдење на негов поранешен колега.
- Влад почина денеска по тешко боледување. Пред извесно време, тој му се исповедал на свештеник, изјави генералот во пензија Петру Неџиу за телевизијата Антена 3.
Јулиан Влад се приклучи на Комунистичката партија по Втората светска војна. Тој беше назначен за шеф на Секуритате во 1987 година и го задржа местото до револуцијата во 1989 година, која стави крај на комунистичкиот режим во земјата.
За време на бунтот беа убиени околу 1.100 лица. Влад тврдеше дека им наредил на своите сили да не отвораат оган.
Во 1990 година, тој беше осуден на 25 години затвор за неговата улога во сузбивање на немирите, но, по четири години беше ослободен.
Ново на Сител
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот