Почина Јана, храбрата охриѓанка за која се собираа средства за лекување
Почина Јана, храбрата охриѓанка за која се собираа средства за лекување во Барселона. За повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.
Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.
Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.
Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше со побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот