Почина глумицата Анџела Лансбери
Анџела Лансбери, филмска и ТВ-ѕвезда, можеби најпозната по улогата на писателката на мистерии – Џесика Флечер во „Убиство, напиша таа“ и која и го позајми гласот во „Убавицата и ѕверот“ – почина вчера во својот дом во Лос Анџелес, САД. Британската глумица имаше 96 години.
„Децата на дамата Анџела Лансбери со тага објавуваат дека нивната мајка починала мирно во сон, во својот дом во Лос Анџелес во 01:30 часот, денеска, вторник, 11 октомври 2022 година, само пет дена пред нејзиниот 97. роденден“, соопшти нејзиното семејство.
Лансбери е високопочитувана актерка. Наградена е со почесен „Оскар“ во 2014 година, по повод седумдецениската филмска кариера, а добитничка е и на шест театарски награди „Тони“, вклучувајќи ги и овогодишните награди за животно дело за нејзината работа на сцената. Глумицата беше номинирана и за „Греми“ за музиката во „Убавицата и ѕверот“ од 1993 година, цртан филм во кој таа го изрази гласот на г-ѓа Потс.
Можеби најпозната по ТВ-улогите, Анџела никогаш не зеде „Еми“ и покрај своите рекордни 18 номинации. Таа, сепак, освои шест награди „Златен глобус“.
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри