Почина Енио Мориконе
Познатиот италијански композитор и оскаровец, Енио Мориконе почина денеска на 91-годишна возраст во болница во Рим. Тоа, како последица на минатонеделниот пад, објави неговиот пријател и адвокат Џорџо Асума.
Имено, пред неколку дена Мориконе паднал наземи и ја скршил бедрената коска.
Во моментот на неговата смрт, неговата сопруга Марија беше покрај него.
За време на својата повеќедецениска кариера, Мориконе твореше музика за филмовите „За грст долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливите“ и многу други. А, беше и шест пати номиниран за престижниот Оскар во областа на филмската музика.
Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Последниот Оскар го доби 2016 година за музиката за филмот „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, и тоа како најстар добитник во оваа категорија. Тој го освои и почесниот Оскар во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице