Свет
20. April 2024 - 14:07

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

Почина човекот кој вчера се самозапали пред судот во Менхетен, каде што се води судски процес против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Мажот, идентификуван како Максвел Азарело (37) од Флорида, починал во болница од здобиените повреди, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Тој вчера пред судот се полил со течност и се запалил, а претходно во околниот парк делел памфлети со теории на заговор. Поранешниот претседател Трамп бил во судската палата, но си заминал во моментот на инцидентот.