Почина американскиот актер Фред Томпсон
Њујорк, 2 ноември 2015 (МИА) - Американскиот актер Фред Томпсон почина на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство, додавајќи дека боледувал од лимфома.
Како правник и адвокат по професија, Томпсон се вклучи во американската политика преку Републиканската партија во времето на аферата „Вотергејт“ и истрагата против тогашниот претседател Ричард Никсон. Во сенатскиот комитет кој ја водеше истрагата, Томпсон беше раководител на правниот тим на Републиканската партија.
Подоцна, беше избран за сенатор и член на американакиот Сенат остана до 2003 година.
Тој учествуваше и во трката за номинацијата на Републиканската партијата за претседателските избори во САД во 2008 година, но порано се повлече од изборниот процес откако не успеа да добие поголема подршка меѓу републиканските гласачи.
За пошироката јавност, Томпсон е многу попозанат само како актер, затоа што има настапувано во низа холивудски филмови, како и на телевизиски серии.
Во филмот „Мари“ од 1985 година, тој го толкуваше сопствениот лик во истрагата за аферата Вотергејт.
Американските филмски режисери потоа многу често го користеа за улоги како шеф на персоналот во Белата куќа, директор на ЦИА, адмирал, агент на ФБИ или сенатор, објаснувајќи го тоа со неговата појава и карактеристичниот глас.
Во познатиот филм „Потргата по Црвениот Октомври“, Фред Томпсон ја имаше улога на американски адмирал, додека во „Умри машки“ го толкуваше ликот на Трудо.
Во гледаната и популарна тв серија „Ред и закон“, Toмпсон беше окружен обвинител во Њујорк, лик многу близок до неговото образование.
Ново на Сител
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен