-->
-->
Почина американскиот актер Џорџ Кенеди
-->
Американскиот актер Џорџ Кенеди, познат по улогите во серијалот „Гол пиштол“, почина на 92 години, објави денеска неговиот внук.
Кори Шенкел рече дека неговиот дедо починал во неделата во Ајдахo, пренесува порталот „ТМЗ“.
Кенеди во 1968 година доби Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Cool Hand Luke“, потсетува Би-Би-Си, и додава дека актерот бил запаметен pо улогите во филмовите „Земјотрес“ и „Аеродром 1975“.
Шенкел наведе дека актерот бил со влошена здравствена состојба по смртtа на неговата сопруга Џоан, која почина пред околу една година.
Последниот месец од неговиот живот го поминал во болница.
Кенеди е роден на 18 февруари 1925 година во Њујорк, каде неговиот татко работел како музичар, а мајка му како танчерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци