Џет-Сет
11. December 2020 - 10:13

Почина актерот Томи Листер „малиот“

Глумецот Томи Листер, можеби најпознат како силеџијата во комедијата „Петок“, како и споредните улоги во „Петтиот елемент“ и други филмови, почина вчера. Тој бил најден во својот дом, без знаци на живот. Имаше 62 години.

Наводите ги потврди неговата менаџерка Синди Каван. Таа рече и дека последниве денови пројавил симптоми на коронавирус.

„Тој беше прекрасно момче со златно срце. Сите го сакаа. Вистински џин на нежноста. На сите ни е скршено срцето“, објави таа.

Филмскиот џин познат како „малиот“ (tiny), ќе се појави во филмовите „60 минути за убиството“ (60 Minutes to Kill) „Отпадници“ (Renegades), закажани за наредната 2021 година.