Балкан
22. January 2021 - 9:00

Почина актерката Мира Фурлан

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денеска.

Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен.

„Ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по патот каде не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите нешта, со време ќе ја стигнеме и верувам дека таа ќе има многу приказни и многу нови улоги што ќе ги сподели со вселената”, објави Страчински.