Почина 2-годишно девојче во Франција, дедото ја оставил да спие во автомобил
Југот на Франција го потресе незамислива трагедија откако двегодишно девојче почина во автомобил оставен на сонце.
Трагедијата се случила во градот Палм на југот на земјата. Како што пренесуваат медиумите, дедото наводно не сакал да ја разбуди својата внука (2) и ја оставил да спие во автомобилот.
Колата била паркирана на сонце. Кога се вратил да ја земе, девојчето било мртво.
Девојчето наводно починало бидејќи било премногу топло во автомобилот, пренесуваат медиумите. Во неделата температурата беше околу 30 степени.
Според медиумите, мажот на кратко отишол да ја посети ќерката. Кога се вратил околу 16 часот, ја нашол својата внука безживотна.
Дедото, кој 40 години бил волонтер во противпожарната станица, се обидел да го оживее девојчето, но безуспешно. Дури и болничарите кои набрзо пристигнале на местото на настанот не можеле да направат ништо.
Дедото сега е во полициски притвор, додека јавното обвинителство истражува убиство од небрежност. Како точно починало девојчето ќе открие обдукцијата во наредните денови.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Во мојата кариера сум тренирал 34 Бразилци, имав проблеми само со еден
-
ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК
-
Јамал во Барселона до 2031 година
-
ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
-
Дводневен штрајк на таксистите во Атина
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови
-
Приведен 46-годишник баран по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година и 11 месеци